Епски пресврт – Борусија Менхенгладбах го „тресна“ европскиот првак (ВИДЕО)

Борусија Менхенгладбах стигна до сензационален триумф против европскиот шампион Баерн Минхен од 3-2 во премиерниот меч од 15. коло во Бундеслигата. На Баварците не им беа доволни ниту двата гола предност кои ги имаа по головите на Левандовски од пенал во 20. и Горецка во 26. минута.

Следуваше фуриозна завршница на првиот дел на фудбалерот на домаќините Хофман. Прво во 36. намали на 1-2, додека во 45. израмни на 2-2. Во второто полувреме големиот пресврт го надополни Нојхаус во 49. минута.

Баерн Минхен останува на врвот на табелата најмалку до утре кога својот натпревар од 15. коло треба да го игра Ред Бул Лајпциг. Борусија Менхенгладбах е седма со 24 поени.

 

 

Се вчитува...