Епски скандал во САД: Суарез плукна противник, Меси остана без трофеј

Луис Суарез уште еднаш го покажа своето друго лице кога неговиот тим ќе претрпи важен пораз откако уругвајскиот голгетер се најде во центарот на голем скандал.

Интер Мајами загуби ссо 3-0 во финалето од лига-купот од Сиетл, но дуелот ќе биде запаметен по големата караница по завршувањето на мечот, што кулминираше со плукање на Суарез на еден од членовите на стручниот штаб на Сиетл.

Помошниот тренер Џин Рамирез не сакаше да влезе во конфликт со противничкиот голгетер, што само повеќе му даде на сила на екс-голгетерот на Барселона и Ливерпул, кој на крајот го плукна Рамирез во лицете.

Апсолутно недозволиво однесување за кое Суарез мора да добие жестока суспензија, уште една во низата на овој голгетер кој низ целата кариера влечеше контроверзи со себе…

Се вчитува...