Епско второ полувреме и победа на Португалија од 3-2 против Гана

Репрезетнацијата на Португалија со победа од 3-2 против Гана го започна Светското првенство во Катар. По мирното прво полувреме во кое беа забележани само два обида кон противничкиот гол, двете репрезентации белснаа во вториот дел постигнувајќи пет погодоци.

Натпреварот го отвори Кристијано Роналдо со гол од белата точка во 65. минута, а Ају изедначи на 1-1 во 73. минута. Додека Ганците славеа Португалија преку Феликс и Леао успеа да постигне два гола за предност од 3-1 во 78. и 80. минута, но во 89. минута Букари ја затресе мрежата на Коста најавувајќи интересен финиш.

Во десеттата минута од судиското продолжение Гана се најде во добра шанса да постигне и трет гол за изедначување, но не успеа во истото за славје на Португалците.

Се вчитува...