Ептен моќна Црвена Звезда: Баерн Минхен понижен во Белград

Црвена Звезда експресно го отави зад себе разочарувачкиот пораз на дербито со Партизан во последното евролигашко коло, откако вечерва на домашен терен го демолигаше Баерн Минхен со преубедливи 101-77. Баерн Минхен допатува во Белград со четири победи на последните пет евролигашки средби, но сите надежи за продолжување на успешната серија паднаа во вода, домашниот тим максимално мотивирано влезе во дуелот, наметнувајќи темпо што гостите на можеа да го следат.

Во првата четвртина блескаше Филип Петрушев, Црвена Звезда го доби овој период со 25-19, Баерн израмни на стартот од втората четвртина, но „црвено-белите“ имаа одговор, повторно влегоа во турбо-ритам и на одмор заминаа со предност од 50-42. Сите дилеми околу победникот беа расчистени во третиот дел од мечот, Петрушев доби помош од одличниот Добриќ, Црвена Звезда ја доби оваа четвртина со 29-10, поведе со огромни „плус 27“, по што последните десет минути беа само рутински одржување на предноста на домашниот состав.

Филип Петрушев одигра уште еден извонреден евролигашки меч за „црвено-белите“, реализирајќи 25 поени, пет скока, три асистенции и две блокади за само 20 минути игра. Даум постигна 16, а Добриќ 15 поени за победничкиот тим, додека најефикасен кај Баерн беше Букер со 14 поени.

Се вчитува...