Карло Анчелоти ќе има полни раце работа како селектор на Бразил откако трофејниот стратег дебитираше на клупата на „кариоките„ со здодевно реми од 0-0 на гостувањето против Еквадор.
Едквадорците важат за најпријатно изненадување во овие квлаификации, но се очекуваше Бразил со нов селектор да покаже нешто повеќе. „Кариоките“ се мачеа да искреираат стопроцентна шанса цел натпревар, а најубавата можност ја пропуштија на 15 минути до крајот, кога Кашемиро не успеа да постигне гол на асистенција на Винисиус.
Аргентина триумфираше со 0-1 на гостувањето против Чиле. Селекторот Скалони реши да го остави Меси на клупата за овој меч, на негово место шанса доби Паз, а единствениот погодок беше дело на Хулијан Алварез.
Парагвај на доамшен терен го совлада Уругвај со 2-0, со што Парагвајците се искачија на третото место на табелата, зголемувајќи си ги шансите за освојување на мундијалски билет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

