Енцо Мареска забележа реми на премиерниот меч на чело на Челси на кој лондонскиот тим за ривал го имаше англискиот третолигаш Врексам. Мечот се одигра на стадионот во Санта Клара во Калифорнија, како дел од турнејата низ САД на „сините“ од Лондон, а Мареска не можеше да смета на дел од првотимците кои летово настапуваа на Копа Америка и на ЕВРО 2024.
Челси прв стигна во водство преку Нкунку во 35. минута од мечот, но Врексам успеа да го сврти резултатот во своја полза и да поведе преку Мериот. Голманот Бергстром спречи третолигашот да постигне нов гол преку Мериот, по што Челси се спаси од пораз со голот што го постигна Угочункву на седум минути до крајот на мечот.
Само за потсетување, Челси во премиерниот меч од новата сезона во Премиер-лигата ќе го пречека Манчестер Сити, дуел закажан за 18 август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА