Англиските медиуми веќе прават рекапитулација на двете сезони во кои Ерик тен Хаг беше менаџер на Манчестер Јунајтед.
Во првата сезона на Холанѓанецот, за засилувања беа потрошени 243 милиони фунти, а уште 202 милиони во втората сезона. И ова лето нови 214 милиони евра. Вкупно 660 милиони евра.
За тоа време Јунајтед освои два трофеи, од кои ниту еден не беше во Премиерлигата, односно Лига Купот во 2023 година и ФА Купот 2024 година.
Само Челси има потрошено повеќе пари во ереата на Тен Хаг, односно 1,3 милијарди фунти.
Холанѓанецот го презеде Јунајтед на 1. јули 2022 година. Претходно беше тренер на Ајакс и Твенте. Имаше договор до 2026 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА