Ерата на Тухел во Челси почна со здодевно реми

Томас Тухел не успеа да дебитира со победа на клупата на Челси, откако „сините“ вечерва одиграа само 0-0 на домашен терен против Вулверхемптон. Германскиот стратег не успеа со „шок-терапијата“ да го воскресне тимот што игра далеку под своите можности во последните два месеци, Тухел се реши да го остави на клупата Тимо Вернер, но нападот предводен од Жиру секако не беше на посакуваното ниво.

Барнли си ги зголеми шансите во битката за опстанок откако по триумфот на „Енфилд“ над Ливерпул славеше и на вечерашната пресметка со Астон Вила со 3-2. Гостите имаат за што да жалат, водеа со 0-1 и со 1-2, но примија два гола во последните петнаесет минути преку Мекнил и Вуд и претрпеа пораз на крајот.

 

Се вчитува...