Македонскиот репрезентативец Ердал Ракип е во преговори со тимот на Малме за продолжување на договорот до крајот на 2025 година. Ракип има важечки договор со шведскиот првак до крајот на оваа година, но од екипата има желба да го продолжи на уште три години.
Ракип е во Малме веќе две години, а претходно беше во овој клуб во младите категории, во 2018 година дебитираше за сениорскиот тим и потоа замина во Бенфика. Една сезона беше позајен на Кристал Палас, по што повторно се врати во Бенфика, но откако не ја доби потребната минутажа, се врати во таборот на Малме каде што е стандарден.
Ракип минатата година доби дозвола да настапува за македонскиот национален тим, откако не доби можност да игра за Шведска, и потоа ја одбра Македонија за негова идна репрезентација. Со оглед на отсуството на Елмас и на Костадинов, Ракип има големи шанси да се најде дури и во стартниот состав во бараж дуелот со Италија на 24 март во Палермо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

