Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган смета дека Кристијано Роналдо поради политички причини завршил на клупата на Португалија за време на Светското првенство.
Како што изјави Ердоган, причината е што Роналдо ја поддржува независноста на Палестина.
„За жал, тие му наметнаа политичко вето. Тој е некој кој ја поддржува борбата на Палестина за независност. Кога ќе испратите играч како Роналдо на теренот 30 минути, тоа ја уништува неговата психа и му ја одзема енергијата“, вели Ердоган.
Ердоган не прецизираше на кого точно мисли кога вели „тие“, но тоа може да биде или некој од португалската федерација или тогашниот селектор Фернандо Сантош.
Во Катар, Роналдо стана првиот играч во историјата кој постигнал голови на пет различни светски првенства.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА