Офанзивецот Ердон Даци имаше повеќе од успешно деби во македонскиот дрес со гол заокружувајќи го својот настап во победата од 3-1 против Ерменија.
Даци по мечот во Струмица искажа задоволство со својот настап во репрезентативниот дрес, но пред се и со победата која покажа дека овој тим има сериозен квалитет.
„Убав натпревар како тим. Доминиравме во текот на целиот дуел, а голот во последната секунда воопшто не го менува впечатокот. Среќен сум што дебитирав во македонскиот дрес и тоа со постигнат гол. Може да кажам дека чувството е феноменално кога сум заедно во ист тим со едни вакви имиња како Елмас, Барди, Димитриевски, Адеми, Алиоски, Миовски… Да бидам меѓу нив и да дебитирам со гол е навистина феноменално чувство“ – ни изјави Даци по мечот во Струмица, притоа дополнувајќи:
„Оваа екипа има навистина квалитет. Знаеме дека формално овие квалификации за ЕП се завршени, но да бидеме реално се боревме до крај. Сепак, групата беше навистина претешка и знам дека оваа репрезентација има уште многу што да каже, и во следните квалификации сигурно ќе постигнеме убав успех“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА