Македонскиот интернационалец Ердон Даци, останува во тимот на Вестерло до 2025 година, откако стави потпис на нов договор со овој клуб. Договорот на Даци истекуваше идната година, а сега ја продолжи верноста на уште една сезона.
Напаѓачот минатата сезона беше надвор од терените поради повреда на вкрстените лигаменти, а се очекува целосен „кам-бек“ на почетокот на идната сезона во Белгија.
Тој беше дел од репрезентацијата на бараж натпреварите за пласман на Светското првенство против Италија и против Португалија, а потоа повредата го спречи да биде дел и од следните мечеви за националниот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА