Ердон Даци отпадна за дуелите со Црна Гора и со Молдавија

Македонската фудбалска репрезентација утре директно во Анталија се собира за двата мартовски пријателски натпревари против Молдавија и против Црна Гора.

Селекторот Боби Милевски во Анталија, место со првично предвидените 28 повикани фудбалери, ќе располага со 27 репрезентативци откако поради повреда отпадна напаѓачот на белгиски Беверен, Ердон Даци.

„Ердон Даци поради повреда заработена на последниот натпревар за Беверен, нема да биде во можност да настапи за репрезентација на претстојните два контролни натпревари против Молдавија и Црна Гора“ – информираат од ФФМ.

ПОВРЗАНО

МИЛЕВСКИ СО СПИСОК ЗА АНТАЛИЈА: Деби за Ќамили, враќање на Дарко Велковски!

Се вчитува...