Ердон Даци потпиша за казахстански Женис и веднаш дебитираше (ФОТО)

Повремениот македонски репрезентативец Ердон Даци својата кариера ја продолжува во казахстанскиот прволигаш Женис.

26-годишниот офанзивец викендот го официјализираше договорот со Женис и веднаш дебитираше во дресот на својот нов клуб во ремито без голови со Тобол. Даци го напушти белгиски Деинзе откако клубот пред два месеци прогласи банкрот.

Даци досега, покрај за Деинзе, настапуваше и за Вестерло и Беверен во Белгија, како и за Вардар во македонското првенство и турскиот Коњаспор. Има еден настап и еден гол и во А-репрезентацијата на Македонија.

Се вчитува...