Ерера и Озил со моќни изјави: Богатите ја крадат убавината на фудбалот

Формирањето на Суперлигата направи вистински „бум“ во фудбалскиот свет. Сонот за лига на најдобрите ги подели мислите во светот, а меѓу оние кои застанаа во одбрана на ситемот кој функционира во моментот се и Андер Ерара и Месут Озил.

Легендарните фудбалери жестоко ги критикуваа новите идеи, како што велат не смеат богатите да го крадат она што го создале „обичните“ луѓе.

„Се вљубив во фудбалот, со фудбалот на навивачите, со сонот да го видиш својот омилен тим како се натпреварува против најсилните. Доколку оваа Европска Суперлига продолжи, тие сништа се завршени. Илузијата на навивачите на помалите тимови дека нивниот тим ќе искочи на теренот и ќе се натпреварува против најсилните ќе заврши. Го обожавам фудбалот и не можат да мочам. Верувам во понапредна Лигата на Шампиони, но не и во тоа богатите да го крадат она што луѓето го направиле, што е најубавиот спорт на планетата. И уште еднаш, го обожавам фудбалот“, изјави фудбалерот на ПСЖ.

Месут Озил пак вели дека убавината е во тоа што овие натпревари од „голем профил“ се играат еднаш или двапати годишно…

„Децата растат со сонот за освојување на Светското првенство и Лигата на Шампиони, а не Суперлигата. Убавината на големите натпревари е тоа што се случуваат една или два пати годишно, а не секоја недела. Тешко е фановите да разберат“, напиша Озил.

Се вчитува...