Ерера пет години во ПСЖ: Ви ветувам три работи…

ПСЖ продолжува со засилувањата за следната сезона, па откако беше потпишан Пабло Сарабија од Севилја, денеска беше официјализирано доаѓање на уште еден шпански фудбалер на „Паркот на принцовите“. Станува збор за Андер Ерера, фудбалерот за врска на Манчестер Јунајтед кој без никаква отштета доаѓа во Париз по истекот нa договорот со англискиот гигант.

„ПСЖ е најголемиот клуб во Франција кој секоја година се повеќе се развива. Тоа е екипа што секогаш освојува трофеи, што беше само мотив повеќе за мене да се приклучам. Париз е најубавиот град во светот, добивам можност да живеам во него и да играм за елитен клуб. Ви ветувам три работи од мене: работа, професионализам и страст. Исто така, ветувам дека што поскоро ќе го научам францускиот јазик бидејќи тоа е многу важно за да имам добра комуникација со соиграчите“ – истакна Ерера по потписот на петгодишниот договор.

Се вчитува...