Ерик Дајер останува во Баерн Минхен и следната сезона

Ерик Дајер и во следната сезона ќе го носи дресот на Баерн Минхен, без оглед на информациите дека челниците и стручниот штаб на баварскиот гигант не биле задоволни од настапите на англискиот дефанзивец по јануарскиот трансфер од Тотенхем.

Баварците платија четири милиони евра за позајмицата на овој фудбалер, кој секако стануваше слободен играч на крајот од сезонава. Дајер инсистираше на вклучување на клаузула во договорот, со која тој би останал уште дополнителни 12 месеци во Минхен, нешто што управата на Баерн на крајот го прифати.

Во клаузулата биле наведени мал број на натпревари што Дајер треба да ги одигра за Баерн за да остане до 2025, а откако Англичанецот настапи на неколку средби во низа поради кризата со повредени играчи, сега таа клаузула е активирана и Ерик Дајер и во следната сезона ќе биде дел од најтрофејниот германски клуб.

Се вчитува...