Ерик тен Хаг и официјално на „Олд Трафорд“: Чест ми е што ќе менаџирам тим како Манчестер јунајтед

Манчестер Јунајтед денеска и официјално го назначи Ерик тен Хаг за нов менаџер на клубот. По долгите шпекулации, Јунајтед и Ајакс конечно се договорија околу овој трансфер, Ерик тен Хаг својата мисија ја започнува во новата претстојна сезона 2022/2023.

Хаг ја доби довербата од управата на „црвените ѓаволи“ и ќе го води тимот до 2025 година, со опција за продолжување на уште една. Како негов асистент се очекува да пристигне сонародникот Мичел ван дер Гаг.

Управата на клубот не ги штедеше комплиментите за новиот тренер, па со задоволство истакна дека ќе имаат чест да соработуваат со Ерик.

„Добредојде Хаг, премногу сме импресионирани од работата на Хаг. Му посакуваме среќа и многу успех во новиот клуб“, стои во соопштението на Јунајтед.

Актуелниот тренер на Ајакс истакна дека ќе му биде тешко да го напушти моменталниот клуб, но потенцираше дека е почестен за новиот предизвик и довербата укажани од гигант каков што е Јунајтед.

„Ќе биде тешко да го напуштам Ајакс, овде сме сите како една фамилија. Сепак, животот продолжува поантаму! Чест ми е што ќе менаџирам тим како Јунајтед, среќен сум за новиот предизвик и благодарен за можноста да водам клуб како Манчестер Јунајтед“, изјави Ерик.

Инаку, Ралф Рангник според планираното ќе продолжи во тимот на „црвените ѓаволи“ на чело на консултантската функција.

Се вчитува...