Ерик тен Хаг повторно ќе пазари во Холандија

Ерик тен Хаг потроши 160 милиони евра на засилувања од Холандија (Лисандро Мартинез, Ентони и Маласија), а наскоро се очекува оваа цифра да се зголеми со оглед на интересот кој холандскиот стратег го има кон напаѓачот Коди Гакпо.

Дваесетитригодишниот холандски репрезентативец и крилен играч на ПСВ игра во животна форма. На последните осум натпревар за репрезентацијата и клубот постигна осум голови, а и шест пати асистираше до своите соиграчи.

Гакпо по совет на Луис ван Гал ова лето го одби интересот на Манчестер Јунајтед со цел да биде во топ форма за престојното Светско првенство во Катар, но тешко дека ќе одолее на повикот на „црвените ѓаволи“ во јануарскиот преоден рок.

Се вчитува...