Ерик тен Хаг повторно на шопинг во Ајакс

Манчестер Јунајтед има уште една сезона за заборав во која тимот веќе претрпе елиминација од европските натпреварувања, а и не е во добра позиција во Премиерлигата каде во моментот е на девет бодови заостанок од местата кои водат во Лигата на Шампионите следната сезона.

На „црвените ѓаволи“ им е потребен влез во победничка низа што поскоро, а Ерик тен Хаг верува дека тоа ќе се случи доколку ангажиран нов фудбалер од редовите на Ајакс. Станува збор за напаѓачот Брајан Броби кој дебитираше во холандскиот клуб под водство на Тен Хаг.

Дваесетиедногодишникот досега има 101 настап за Ајакс на кои постигна 40 голови и забележа 11 асистенции. Покрај за холандскиот тим настапи и една сезона за Лајпциг, но не успеа да се наметне во германскиот состав.

Се вчитува...