Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, беше присутен на трибините на стадионот Олимпико во Рим, на дербито кое се игра вечерва помеѓу Рома и Јувентус.
Тоа од страна на италијанските медиуми беше окарактеризирано како потрага по ангажман. Може Тен Хаг да се случи да биде тренер на еден од екипите кои играат на теренот, со оглед дека Јувентус по крајот на сезоната може да нема тренер, затоа што истекува договорот со Тудор, а истото се однесува и за Рома, која ќе нема предводник по дефинитивното заминување во пензија на Клаудио Раниери.
Тен Хаг е без работа откако пред неколку месеци доби отказ од Манчестер Јунајтед. Во минатото работеше и во Ајакс. Се поврзуваше со многу тимови, меѓу кои и Борусија Дортмунд, но и натаму е без ангажман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА