Срамниот пораз на Манчестер Јунајтед од Ливерпил со 7-0 се уште е топ тема во фудбалската јавност. Ден по епските сцени на „Енфилд“ англиските медиумите откриваат и каква била атмосферата во тренинг центарот на „црвените ѓаволи“ каде главната улога повторно му припаднала на Ерик тен Хаг.
Холандскиот стратег го закажал тренингот во девет часот наутро, а самиот бил таму два часа порано. Неговите фудбалери биле приморани да го слушаат славјето на фудбалерите на Ливерпул и нивните верни навивачи, а добиле и закана доколку не ја сфатат сериозно работата ќе биде прекомандувани во вториот тим.
Пред Манчестер Јунајтед е уште долга сезона во која претстои борбата за место кое води во Лигата на Шампиони во сезонта која следи, но и натпреварување во Лига Европа. „Црвените ѓаволи“ во осминафиналето се пласираа по елиминацијата на Барселона, а сега ги очекува нов шпански состав, Реал Бетис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

