Еден од најдобрите фудбалери на Тотенхем, Кристијан Ериксен потврди дека сака да го напушти финалистот од Лигата на шампионите. Данскиот фудбалер кој има уште една година од договорот со Тотенхем, сака да ја промени клупската средина и да премине во Реал Мадрид, но се уште „кралскиот клуб“ нема испратено понуда.
„Навистина мојата почит кон клубот и навивачите на Тотенхем е голема и сум благодарен за се во изминатите години. Сепак, време е за нов предизвик“, изјави Ериксен.
Ериксен во Тотенхем пристигна во летото 2013 година за сума од 13,5 милиони фунти од редовите на Ајакс. За клубот од Лондон забележа 206 настапи на кои постигна 49 гола и запиша 64 асистенции, а годинава играше и финале во Лигата на шампионите во кое Тотенхем со 2-0 беше поразен од Ливерпул.
Челниците на Тотенхем најавија дека ќе бараат 120 милиони фунти, сума што никој нема да ја плати за играч кој има само уште една година од актуелниот договор. Реал има адут во преговорите бидејќи е подготвен да го понуди Герет Бејл во директна размена за данскиот плејмејкер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА