Кристијан Ериксен е на прагот да се врати во професионалниот фудбал, откако минатото лето доживеа срцев удар и едвај преживеа на натпревар од Европското првенство меѓу Данска и Финска. Плејмејкерот неколку минути беше без знаци за живот, но докторите успеаја да го вратат и беше пренесен во болница.
Данскиот фудбалер е многу блиску до враќање во Премиер лигата каде викендов ќе потпише договор со Брентфорд. Двете страни сакаат да постигнат договор пред затворањето на трансфер прозорецот следниот понеделник, објавува „Дејли Мејл“.
29-годишниот Ериксен тренира со резервниот тим на Ајакс во последните денови за да се врати во форма за неговото очекувано враќање во натпреварувачки ритам, а разговорите со „пчелите“ продолжуваат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

