Европскиот вицепрвак Тотенхем се најде во небрано со трансферот на данскиот интернационалец Кристијан Ериксен. Раководството на клубот на почетокот од летото бараше 100 милиони евра отштета за негово заминување од Лондон, но сега го нуди за многу помала сума, и тоа на вториот клуб од Мадрид – Атлетико.
Реал Мадрид беше сериозно заинтересиран за ангажман на Ериксен, но Зидан се „олади“ откако Тотенхем постави премногу големи финансиски барања. Имаше најави дека следна дестинација на Данецот може да е и „Олд Трафорд“, но Манчестер Јунајтед ќе купува само доколку го продаде Пол Погба.
Тотенхем сега мора да ја намали бараната сума за отштета и би се согласил за трансфер на Ериксен дури и за 60 милиони евра. Прва опција е Атлетико Мадрид, но секогаш постои опција во трката повторно да се вклучи и Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА