Ериксен е медицински феномен, се врати порано од повредата

Ерик тен Хаг не го криеше воодушевувањето што повторно ќе го има на располагање Кристијан Ериксен почнувајќи од утрешниот натпревар со Евертон.

Данскиот репрезентативец заработи тешка повреда по еден дуел со Енди Керол, се веруваше дека нема да може да игра фудбал повторно сезонава, но Ериксен ги надмина проблемите, тренираше со тимот во текот на оваа седмица и утре ќе се појави на клупата за резерви, можеби и ќе влезе на теренот во текот на второто полувреме.

„Одамна не сум бил толку лут како по оној старт на Керол со кој го повреди Ериксен. Тоа беше лоша повреда, сите мислевме дека е загубен за цела сезона, но Ериксен пак се покажа како феномен, се врати повеќе од еден месец порано од прогнозите на лекарите. Сите сме пресреќни поради тоа“, изјави Тен Хаг на денешната прес-конференција.

Воедно, стратегот на Јунајтед објави дека против Евертон нема да може да смета на Лук Шо, кој заработи незгодна повреда на последниот меч со Брентфорд.

Се вчитува...