Кристијан Ериксен на првиот меч на Европското првенство доживеа срцев удар, по што лекарите му го спасија животот на теренот во Копенхаген. Потоа му беше вграден дефибрилатор, и денеска се чувствува добро, но не смее да игра во Италија барем не на професионално ниво.
За Интер повторно би заиграл дури кога би довил дозвола од лекарите, и дека нема повеќе да се потпира на технологија. Добива плата, но не од Интер, иако е најплатен играч на клубот.
Ериксен има 7,5 милиони евра по сезона, но тоа се пари кои за него ги издвојува ФИФА од програма за заштита на клубовите.
Сите фудбалски клубови се заштитени во случај на привремен престанок од работа како последица од незгоди на фудбалерите.
За незгода се смета кога фудбалерот ќе претрпи повреда поради изненадувачка надворешна сила која делувала на неговото тело и го спречила да игра. Покрај утврдени незгоди, срцеви и мозочни удари исто така се сметаат за незгоди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА