Данска ќе ја памети оваа вечер по големата победа што ја оствари над селекцијата на Чешка со 2-1 , па на овој начин Данците го заверија билетот за пласман во големото полуфинале.
Возбудливиот натпревар беше најавен уште во 5. минута, а Томас Делејни успеа да биде прецизен со глава и да донесе голема радост на своите соиграчи со отворање на мечот од 1-0.
По вавкиот расплет на настаните, Чесите едвај успеваа да се соберат и да се фокусират, имаа неколку обиди, но без конкретни шанси за гол. Ваквата расеаност на најдобар можен начин ја искористија Данците, па во 42. минута по еден одличен центаршут на вистинското место се најде Каспер Долберг кој беше прецизен постигнувајќи лесен гол за голема предност од 2-0 со која се замина на пауза од 15 минути.
Вториот дел од натпреварот понуди реприза од самиот почеток на овој дуел, па по само четири минути игра, извонредниот Патрик Шик беше прецизен и намали на 2-1. Со овој гол тој запиша четири погодоци на ова ЕП и се израмни на врвот со Кристијано Роналдо.
До крајот на натпреварот се редеа шанси и на двете страни, сепак, сето тоа беше недоволно за Чесите да се спасат од пораз. Како се одвиваат досега работите, се повеќе се присетуваме на лудата историја на Данска од 1992 година, кога оваа репрезентација воопшто и не требаше да игра на ЕП, влета како замена за Југославија, а потоа приреди уникатен подвиг и стана европски првак.
Во полуфиналето Данска ќе се сретне со подобриот од вечерниот двобој меѓу Украина и Англија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА