Ериксен: Ферги ми се закануваше дека ќе ме убие…

Сер Алекс Фергусон долго време важеше за „сива еминенција“ во англискиот фудбал, човек што освои бројни трофеи со Манчестер Јунајтед, но секогаш се обидуваше и да наметне авторитет врз англиските селектори. Тоа го потврди и екс-кормиларот на „гордиот албион“, Свен Горан Ериксен, обелоденувајќи дека имал сериозен конфликт со Сер Алекс откако решил да го повика Руни за СП 2006 иако најдобриот напаѓач на Англија влечеше незгодна повреда.

„Со Алекс секогаш е неверојатно што ти звони во седум часот наутро, некогаш дури и порано. И секогаш е бесен, никогаш не се јавува да те праша како си. Тогаш беше навистина лут, ми се закануваше дека ќе ме убие ако го земам Руни во тимот. Ќе те убијам, готов си… само тоа го велеше и го повторуваше неколку пати. Сепак, јас бев селектор на Англија и морав да му се спротивставам. Само му вратив: Алекс, го земам Руни на СП. Поздрав, имај убав одмор… и ја спуштив слушалката“ – открива Ериксон.

Вејн Руни се рехабилитираше од повредата, но беше далеку од посакуваната форма. Тој не постигна ниту еден гол, а во четвртфиналето во кое Англија беше елиминирана (против Португалија) асот на Манчестер Јунајтед доби црвен картон. Ериксон по тој пораз беше сменет, а на негово место за селектор именуван беше Стив Мекларен.

Се вчитува...