Кристијан Ериксен е решен да си замине од Тотенхем, па затоа без размислување ги одбива сите понуди на лондонскиот клуб за потпишување на нов договор. Актуелниот договор на Данецот истекува на крајот на сезоната, па неговата желба е повеќе од јасна – тој веќе во јануари може да преговара за слободен трансфер со други клубови, а со тоа и да си наплати многу повисока плата.
„Спарси“ во последните месеци испратиле три различни понуди до Ериксен, но експресно добивале негативен одговор. Последниот план е Данецот да биде вклучен во последната понуда до Јувентус за Дибала, но Ериксен нема намера да прифати ниту ваква варијанта, свесен дека може да добие многу подобри услови доколку се пресели како слободен играч во истиот клуб.
Реал Мадрид исто така покажува сериозен интерес за Данецот, во кого „кралевите“ гледаат идеален наследник на Лука Модриќ. За очекување е „кралскиот клуб“ и „старата дама“ веќе кон крајот на годинава да ги интензивираат преговорите со агентот на Ериксен, кој веќе во јануари може да потпише преддоговор со нов клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА