Конте бара поранешен „пулен“ за да го пушти Ериксен

Кристијан Ериксен никако не успева да се наметне кај Антонио Конте за посериозна минутажа во првиот тим на Интер, без оглед на прекрасниот победнички гол во четвртфиналето од Купот на Италија против Милан. Данецот во италијанската јавност се смета за едно од најголемите трансфер промашувања на Серија А, а и покрај тоа што во зимскиот трансфер период се очекуваше играчот од средниот ред да го напушти Милано и да се врати во Англија каде заинтересирани за неговите услуги беа Арсенал и Тотенхем, истото не се случи.

Медиумите на „Островот“ не престануваат со шпекулациите за следната дестинација на 28-годишникот, а овој пат во преден план се јавува Челси. Томас Тухел е заинтересиран за Данецот, па се најавува размена помеѓу него и Жоржињо. Конте добро ги знае квалитетите на Италијанецот кој белскаше под негово водство на „Стемфорд Бриџ“, а покрај тоа го имаше и деби настпот за „Аѕурите“ додека стратегот на Интер беше на селекторската позиција.

Играчот за врска на Челси го загуби своето место на стартер под водство на Лампард, но кај германскиот стратег делува како еден од најбитните играчи. Преговорите се уште се во рана фаза, а наводно Челси бара и дополнителни 20 милиони евра за овој трансфер, кои во моменталната финансиска криза во Интер можат да бидат пречка за реализирање на „трампата“.

Се вчитува...