Ериксен го одби Брентфорд – Тотенхем и Манчестер Јунајтед во трка за Данецот

Кристијан Ериксен во следната сезона нема да ги брани боите на Брентфорд, но останува во Премиерлигата, пренесуваат англиските медиуми. За неговите услуги заинтересирани се неговиот поранешен клуб Тотенхем и Манчестер Јунајтед.

Приоритет за Данецот е настап во Лигата на Шампионите, а за место таму се ограничени можностите со оглед на вградениот дефибрилатор и ограничувањата во некои првенства па останува да видиме дали ќе се врати на добро познатото место или пак ќе го облече и дресот на трет Премиерлигаш.

Данецот по срцевиот удар на Европското првенство се врати на теренот во дресот на Брентфорд, а таму ја врати и претпознатливата форма. Во 2022 година одигра 11 натпревари, постигна еден гол, а забележа и четири асистенции.

Се вчитува...