Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен ќе биде нов член на Манчестер Јунајтед. Се очекува официална промоција, а двете страни веќе си подале рака за тригодишен договор на Данецот.
Ериксен досега беше дел од Брентфорд, каде играше по рехабилитацијата од срцевиот удар за време на минатогодишното ЕВРО на дуелот со Исланд.
Ериксен во минатото го носеше дресот и на Интер и на Тотенхем, а ова ќе биде големо засилување за Манчестер Јунајтед. Тој на „Олд Трафорд“ доаѓа како слободен агент и ќе биде второто засилување за Јунајтед. Првото е Маласија од Феенорд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

