Ериксен има нов клуб, ќе игра во Бундес-лигата

Кристијан Ериксен ги разреши дилемите околу својата иднина, избирајќи ја Бундес-лигата како следна дестинација во кариерата. Овој 33-годишен Данец летово како слободен играч си замина од Манчестер јунајтед, во меѓувреме имаше понуда за враќање во Ајакс и од уште неколку екипи ширум Европа, но Ериксен на крајот реши да се пресели во Волфсбург, потпишувајќи двогодишен договор со овој германски прволигаш.

„Пресреќни сме што успеавме да договориме одличен фудбалер, добиваме играч кој има настапувано на највисоко ниво и кој ќе ни донесе толку многу искуство, карактер во соблекувалната, особено за нашите помладите фудбалери. Не се сомневаме дека Ериксен ведаш ќе направи разлика на теренот“, изјави спортскиот директор на Волфсбург, Себатсијан Шиндцелорц.

Ериксен собра 310 настапи во Премиер-лигата (55 гола и 61 аистенција) како член на Тотенхем, Брентфорд и Мачестер јунајтед, од каде си замина откако „црвените ѓаволи“ решија да не му понудат нов договор.

„Со нетрпение го очекувам стартот на оваа нова авантура, верувам дека сите заедно можеме да направиме разлика, да донесеме добри резултати. Фактот дека овде настапуваат неколку играчи што ги познавам од данската репрезентација го прави овој проект уште поинтересен за мене“, порача Ериксен по потписот на двогодишниот договор со новиот клуб.

Се вчитува...