Ериксен: Кога видов бел чаршав знаев дека сум починал, се надевам дека ќе играм во Катар

Помалку од осум месеци од страшниот колапс на Европското првенство, Кристијан Ериксен е подготвен за враќање на терените во дресот на Брентфорд. Данецот потпиша договор со англискиот премиерлигаш до крајот на сезоната период во кој ќе се обиде да му помогне на својот тим во битката за опстнок, но планот на поранешниот ас на Тотенхем има и „скриена“ цел.

Имено, Ериксен по потписот со својот нов клуб го искажа своето искуство од Европското првенство, а и најави враќање во репрезентацијата за престојното Светско првенство кое ќе се одржи во Катар.

„Ја помнам целата ситуација, помнам дека Јоаким ја изведуваше топката од аут, таа ме допре мене, а потоа паднав на теренот. Осетив грч и потоа се беше црно. Кога се разбудив во ургентниот центар беше како да се будам од сон, не помнам многу  што се случуваше помеѓу овој период, но го помнам скандирањето на навивачите. Го видов и белиот чаршав и во тој момент знаев дека сум починал. Имав јаки болки во градите и не можев да поверувам што се случува. Мислев, не е можно ова јас сум здрав и прво помислев дека сум го скршил грбот. Пробав да ги мрдам нозете и успеав па не ми беше јасно“, вели Ериксен кој потоа додаде

„Целта ми е да игра на Светското првентво во Катар. Тоа ме води уште од првиот ден. И знам дека можам да се вратам бидејќи не се осеќам различно. Физички сум во најдобрата форма“

Се вчитува...