Ериксен назад во Интер, тоа е невозможна мисија

Кристијан Ериксен ќе мора да биде опериран за да му биде вграден специјален апарат што ќе ја помага работата на срцето, третман што најверојатно ќе го означи и крајот на кариерата на данскиот фудбалски генијалец.

Едно е сигурно, Ериксен има само теоретски шанси повторно да го облече дресот на Интер, бидејќи италијанските спортски власти имаат најстроги можни критериуми за настапи на играчи со срцеви проблеми на терените ширум Апенинскиот полуостров. Ериксен преживеа срцев удар, сега ќе има и апарат за нормализирање на работата на срцето, па невозможно е тој да добие зелено светло за настап во Италија.

„Ериксен уште не знае дали ќе игра повторно фудбал, тоа е нормално бидејќи испитувањата се во тек, но нема дилеми дека за него приказната во Италија е завршена. Оваа држава со закон забранува играчи со срцеви мани да се занимаваат со професионален спорт“, прокоментира еден од водечките дански кардиолози.

Се вчитува...