Ериксен по 288 дена се врати во дресот на Данска и постигна гол: Среќен сум, ова е совршен начин за камбек

Кристијан Ериксен се врати во редовите на данската репрезентација за пријателскиот натпревар против Холандија и постигна гол по само две минути, во првиот допир со топката, 288 дена од страшниот срцев удар на Европското првенство.

По натпреварот Данецот им се заблагодари на холандските навивачи за топлиот пречек, изјави и дека со нетрпение го чека Светското првенство, но до Катар во фокусот ќе останат средбите на Бретфорд.

„Го почувствував топлиот пречек на холандските навивачи, играв тука со години и нормално е дека ме знаат, но во секој случај беше преубав начинот на кој ме пречекаа. Среќен сум за постигнатиот гол, ова беше совршен начин да се вратам во репрезентативниот фудбал. Сега се радувам на Светското првенство во Катар, но дотогаш има уште голем број на натпревари и ќе се фокусирам на нив“, изјави Ериксен.

Се вчитува...