Ериксен почна да тренира со топка (ВИДЕО)

Кристијан Ериксен почна да тренира со топка, откако денеска изведуваше слободни удари на терен на границата со Швајцарија, и чека потпис во холандското првенство или во Англија.

Данецот го раскина договорот со Интер, поради неможноста да игра во ова првенство со дефебрилатор кој му беше вграден по срцевиот удар на ЕВРО 2020 и натпреварот против Финска.

Тој се наоѓа на тренинзи во Киасо, а на видеото се гледа како тренира слободни удари.

Се вчитува...