Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Кристијан Ериксен и натаму размислува да го напушти „Олд Трафорд“ ова лето. 32-годишниот „плејмејкер“ е посакуван од гигантот Андерлехт, и може во следните денови да потпише со овој клуб.
Ериксен не е во плановите на Тен Хаг за оваа сезона, и во првите два меча беше на резервната клупа и не доби шанса за настап. Тој сега се соочува со дополнителна конкуренција, по ангажманот на Мануел Угарте.
Извршниот директор на Андерлехт, Јеспер Фредберг сака одамна да го ангажира, но веројатно ќе го почека самиот крај на преодниот рок во Белгија, пред да даде официјална понуда. Во Англија трансфер периодот е завршен, но англиските клубови и натаму може да продаваат играчи.
Ериксен во минатото беше дел од Ајакс, потоа играше во Тотенхем, Интер, Брентфорд и Манчестер Јунајтед. Во 2021 година за време на ЕП на мечот Финска – Данска доживеа срцев удар, кој го оддалечи од терените, и му беше вграден дефебрилатор, но продолжи со својата кариера. За Данска одигра 134 меча и постигна 42 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА