Ериксен преговарал со Баерн по фијаското во ЛШ

Јувентус и Реал Мадрид добија сериозна конкуренција во трката по Кристијан Ериксен откако Баерн Минхен остварил контакт и веќе стартувал преговори за ангажман на плејмејкерот на Тотенхем. Лондонскиот клуб ќе инсистира на продажба на Данецот во јануари, со оглед на фактот дека тој ќе стане слободен играч на крајот на сезонава, а Баерн е подготвен да ја плати сумата од 30 милиони евра што Тотенхем ја бара за Ериксен.

Германските медиуми информираат дека веќе дошло до средба меѓу челниците на Баерн и агентите на Ериксен, и тоа непосредно по убедливата победа на Баерн над Тотенхем од 2-7 во рамките од Лигата на шампионите. Притоа, и двете страни покажале сериозен интерес да дојде до заедничка соработка. Баварскиот гигант е подготвен да му даде на Ериксен петгодишен договор за годишна плата од осум милиони евра плус бонуси, но и богат бонус при самиот потпис на договорот.

Преговорите ќе продолжат во следниот период, а на потег се и Реал Мадрид и Јувентус, кои сигурно немаат намера да се предадат во трката по данскиот интернационалец.

Се вчитува...