Ериксен се појави на тренинг во својот поранешен клуб

Кристијан Ериксен по неколкумесечна пауза се враќа на фудбалските терени. Данскиот фудбалер е договорен со Брентфорд, а оваа недела би требало да биде и официјализиран овој трансфер.

Додека се чекаат последните детали околу трансферот, Ериксен денеска се појави на тренинг на својот поранешен клуб Ајакс, каде што ќе ја одржува формата со младинскиот тим. Го чека повикот од Лондон за да се приклучи на Брентфорд.

„Легендите се секогаш добродојдени“, се вели во објавата на Ајакс.

Ериксен со тоа после пола година ќе се врати на терен, по колабирањето на ЕВРО 2020 година. Меѓутоа и покрај тоа, одлучи да не ја прекине кариерата и да продолжи да игра фудбал.

Се вчитува...