Ериксен се враќа „дома“, во омилениот англиски клуб

Кристијан Ериксен има камбек од соништата на фудбалските терени, откако данскиот ас почна да ги тресе противничките мрежи и во дресот на Брентфорд и во националниот тим, нецела година по страшниот срцев удар од кој лекарите едвај му го спасија животот.

Ериксен игра со дефибрилатор, но откако покажа дека може да се натпреварува на највисоко ниво, тој го привлече вниманието на својот поранешен клуб Тотенхем, кој сака да го врати Данецот назад во своите редови. Тој шест и пол години го носеше дресот на Тотенхем, постигнувајќи 69 гола и 90 асистенции на 305 настапи за „спарси“.

Антонио Конте е во потрага по класичен плејмејкер во Тотенхем, а фактот дека Ериксен ќе биде достапен за трансфер го прави данскиот интернационалец многу интересна опција.

Фановите дефинитивно се за враќање на Данецот во клубот, исто како и управата со која Ериксен се раздели во пријателско расположение при трансферот во Интер, па останува дали овој трансфер ќе се реализира во текот на летниот преоден рок.

Се вчитува...