Ериксен се враќа во ПЛ, Брентфорд му нуди шестмесечен договор

Тимот на Брентфорд веќе е во преговори со Кристијан Ериксен за евентуална соработка. Данскиот фудбалер кој нема одиграно натпревар уште од стартот на Европското првенство минатото лето, ги надмина срцевите проблеми, но и покрај тоа мораше да замине од Интер и Серија А.

Во Италија постои правило според кое играч не смее да настапи доколку има срцеви помагала, па поради тоа Ериксен беше приморан да замине. Постоеја шпекулации дека би можел да се врати во Ајакс, но сега англиските медиуми пренесоа „бомба“.

Имено, Брентфорд е во преговори и се наоѓа блиску до договор со Ериксен. Се очекува данскиот плејмејкер да потпише шестмесечен договор, со можност за продолжување на уште една година. Повеќето угледни медиуми на „островот“ сметаат дека преговорите се во напредна фаза, па многу лесно може да се случи Ериксен пак да заигра во Премиер лигата, каде претходно го носеше дресот на Тотенхем.

Се вчитува...