Ериксен се врати на стадионот каде ја победи смртта (ВИДЕО)

Данска и Србија играат пријателски меч како дел од овој репрезентативен прозорец, откако и двете селекции обезбедија директен пласман на Светското првенство кое на крајот на годинава ќе се игра во Катар.

Главна ѕвезда на стартот на мечот беше Кристијан Ериксен кој токму на стадионот во Копенхаген каде што се игра денешниот натпревар, минатото лесто за малку ќе го загубеше животот на дуелот од ЕВРО 2020 година против Финска.

Тој денеска е капитен на својот тим, а пред почетокот беше поздравен од навивачите на трибините.

 

Се вчитува...