Ериксен стана рекордер на Данска по бројот на настапи

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен, го одигра 133 меч за репрезентацијата на Данска, и стана нов рекордер на својата селекција. 32-годишниот фудбалер од средниот ред против Србија го постави новиот рекорд за репрезентацијата.

Ериксен со тоа го надмина својот колега од националниот тим Симон Кјаер кој има 132 одиграни натпревари.

35-годишниот Кјаер исто така е во селекцијата, но досега не настапи за својата селекција. Тој во минатата сезона се мачеше барајќи ја формата, и тоа е причината што го немаше во данската селекција во првите три натпревари.

Се вчитува...