Кристијан Ериксен верува во својот поранешен клуб Интер во пресрет на полуфиналниот двомеч со градскиот ривал Милан во полуфиналето од Лигата на Шампионите.
Само еден од овие два италијански гиганти ќе може да настапи во големото финале во Истанбул, а според Ериксен, тоа ќе биде токму Интер. Во прогнозата за овој дуел тој му се извини на својот добар пријател и репрезентативен колега Симон Кјаер, кој го носи дреот на Милан.
„Извини Кјаер, но мислам дека Интер ќе биде тимот што ќе се пласира во големото финале. Ќе ми биде жал за него, но сепак верувам во Интер. Морав да си заминам од клубот бидејќи поради срцевиот проблем не смеев да играм во Италија, но во ниту еден момент не бев лут на Интер. Едноставно, враќањето во Англија беше најдобра опција за мене, а од Интер си заминав само со убави спомени“, истакна Кристија Ериксен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА