Ериксен успешно опериран – дали заврши кариерата за Данецот?

Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен успешно е опериран во болница во Копенхаген каде враден му е дефибрилатор и веќе замина на домашно лекување, објави денеска фудбалската федерација на Данска.

Оваа операција најверојатно значи и крај на кариерата за 29-годишникот кој во минатото со успех ги бранеше боите на Ајакс, Тотенхем и Интер со оглед на строгите правила за ваков вид на операција, но тоа значи дека во иднина ќе може да води нормален живот.

Како потсетување Данецот приреди вистински шок во светот откако ја загуби свеста на натпреварот против Финска при што мораше да интервенира медицинскиот персонал.

Се вчитува...