Кристијан Ериксен се чувствува добро и утрово повторно имал видео-разговор со репрезентативните колеги, обидувајќи се да го крене тимскиот дух по синоќешниот хорор и борбата за живот што на крајот за среќа заврши со хепиенд.
Тој утрово имал неколкуминутен разговор со соиграчите, кои поради огромниот шок од она што се случуваше на крајот загубија од аутсајдерот Финска со 0-1.
„Како сте, изгледате полошо од мене“, тоа беше првото што ни го кажа – прокоментира селекторот Каспер Хјулманд.
„Тоа е типично за него, да мисли за сите останати пред да размислува за себе. Сепак, за нас беше најважно да ја видиме неговата голема насмевка на екранот“, додаде Хјулманд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА