Ериксон: Иако загубивме, задоволен сум и горд на моите играчи

Хакан Ериксон, селекторот на Фарски Острови искажа задоволство од играта на својот тим и покрај поразот во Скопје.

Ериксон рече дека е горд на своите фудбалери за прикажаното вечерва, затоа што го почнале мечот со седум различни фудбалери од средбата со Молдавија.

„Лошо е да се каже дека сум задоволен кога ќе загубиме, но сум горд на своите фудбалери. Ја почитувам селекцијата на Македонија. Беше многу поинаку од она што го игравме со Молдавија, ако се има во предвид дека го почнавме натпреварот со седум нови играчи од претходниот натпревар“, изјави Ериксон.

Селекторот кажа дека е изненаден од фактот што фудбалерите на Фарски Острови се аматери, но тренираат професионално.

„Четири години сум селектор на Фарски Острови. Во секое мало село има црква и фудбалско игралиште. Импресивно е колку се силни на технички и физички план, и импресиониран сум како се развива фудбалот во земјата. Сите се аматери од фудбалерите, тренираат како да се професионалци“, рече Ериксон и додаде:

„Ако се пласираме на Европско првенство тоа би било голема сензација. Доколку се направи споредба со Шведска, повеќето играчи во Шведска играат во други земји како професионалци, а тука сите се аматери. Но, навистина веруваме дека можеме да одиме напред“, изјави Ериксон.

Тој ги кажа шансите на Македонија во групата за пласман на Европското првенство.

„Македонија има технички квалитет, индивидуалниот квалитет е неверојатен, еден на еден се одлични. Одбраната не ви се најсилна силна, и играта без топка треба да се менаџира подобро. Тоа е тоа што го видов вечерва“, вели Ериксон.

Се вчитува...