Македонската репрезентација со реми против Фарски острови 1-1 го стартуваше четвртото издание во Лигата на Нации. Во игра со многу осцилации, многу падови, Македонија не искористи три добри шанси за пресврт во Торшавн, па остана без победата против Фарски Острови.
Селекторот на Фараните, Хакан Ериксон по мечот изјави дека одиграле одличен меч и се задоволни од прикажаното.
„Игравме против силен тим кој игра брзо и сака да ја држи топката во своите нозе. Не лежевме на терен и не се браневме, туку креиравме шанси со кои може да бидеме задоволни. Секогаш е лошо кога ќе испуштиш водство во меч, но не можам да кажам дека резултатот е нефер. Да имавме малку повеќе среќа во одредени моменти, работите можеа да бидат поинакви“, изјави Ериксон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА